• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Фирми од Ескишехир заинтересирани за инвестирање во Македонија

Фирми од Ескишехир заинтересирани за инвестирање во Македонија

Скопје, 1 април 2015 (МИА) - Македонија има услови за одржливи и долгорочни бизниси, им порачала Македонско-турската комора (МАТТО) на компаниите од Ескишехир, Република Турција, кои ги скенираат можностите за инвестирање во земјава.  

Според МАТТО, бизнис делегацијата од Ескишехир што деновиве ја посети Македонија, истражувала дали има шанси високите технологии да се пренесат тука. На средбата чиј домаќин бил претседателот на Комората Туна Ејуп Кахвеџиразменети биле информации за деловната и инвестициската клима во земјава. 

МАТТО екскишир

- Членовите на делегација се интересираа каква е правната сигурност во Македонија и дали е одржлива со смените на власта, до каде е евроинтеграцискиот процес, колкави се минималните  плати, какви се работничките права, општата сигурност и индивидуалната безбедност, информираат од МАТТО

Одговарајќи  на  овие  прашања, Кахвеџи ги охрабрил  гостите во нивниот интерес за почнување бизниси во Македонија, посочувајќи го своето десетгодишно искуство како турски инвеститор тука, но и искуството на другите инвеститори, членови на МАТТО.

Заменик-градоначaлникот на Ескишехир, Ѓунхан Јазар, кој ја предводел бизнис делегацијата, соопштил дека градот годинава планира да оствари една милијарда долари обрт од кои 500 милиони во трговија и уште толку во инвестиции. Определбата е, како што напоменал, да се испитаат нови пазари меѓу кои и Балканот.

Јазар го презентирал и проектот Светско-турски координациски центар чија цел е унапредување на регионалниот развој преку унапредување на трговијата, индустријата и економиајта на Ескишехир со светот, преку  турските  инвеститори  во  странство. 

Проектот преставува  Е - платформа составена од дел кој ги содржи податоците за турските компании, инвеститори кои работат вон Турција, како и дел кој ќе овозможи подршка на компаниите во иновации и техничко-технолошки усовршувања и поврзувања. Финансиран е и воден од  Градот Ескишехир, Трговско-индустриската комора и Универзитетот.

Ескишехир е полу-милионски и универзитетски град, центар на индустрија со 700.000 жители, познат по воведување високи, напредни технологии на производство. Техничко-технолошкиот  подем  почнал во 1894 година со изградбата на желелезница Берлин - Багдад. Ескишехир е познат по авио индустрија, производствона железнички транспортни средства за брза железница (прва станица на брзажелезница Анкара - Истанбул, пуштена во ноември  2014), автомобилска индустрија (Деврим, првиот турски автомобил произведен е во Ескишехир), бела  техника (Арчелик), индустрија на градежни материјали, хемијска и прехранбена индустрија.

Есхишехир

Во Ескишехир е и логистичкиот центар за брзата железница, како и проектот Патот на свилата кој ги поврзува стоките од Кина и Централна Азија по железнички пат со пазарите во централна и Западна Европа.

Бизнис делегацијата од Ескишехир со посетата на Македонија ја  заврши истражувачката мисија во регионот со која ги опфати и Албанија и Косово. мч/дма/07:37

###