• A-
  • A
  • A+
сабота, 23 јуни 2018, 

Состојбата во Македонија се уште не се рефлектира врз странските бизниси

Состојбата во Македонија се уште не се рефлектира врз странските бизниси

Скопје, 21 мај 2015 (МИА) – Актуелната состојба во Македонија засега не влијае врз работењето на странските инвеститори, но потенцијалните вложувачи со внимание ја следат и ги забавуваат своите одлуки. 
 
Ова е оценката на претседателот на Македонско – турската комора (МАТТО) Туна Ејуп Кахвеџи и претседателот на Советот  на странските  инвеститори при Стопанската комора Хуан Педро Химерез Наваро.
 
Кахвеџи  и Наваро од вчерашната средба во Скопје порачаа дека инвеститорите здружени во двете асоцијации и натаму ќе работат на унапредување на деловната и инвестициската клима во Македонија, како и на зајакнување на приватно-јавниот дијалог. 
 
Средбата, како што информираат од МАТТО, беше со цел обединување на ставовите и преземање заеднички активности во тој контекст.  
 
Заклучно со 2014 година вкупните турски инвестици во земјава изнесуваат околу 830 милиони евра. мч/лв/07:40

###

 

 
НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ