• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

Вардар го освои првиот бод во Лига Европа

Вардар го освои првиот бод во Лига Европа

Скопје, 7 декември 2017 (МИА) - Вардар го освои првиот бод во својот историскиот настап во групната фаза од Лига Европа, откако вечерва во Скопје против Розенборг одигра нерешено 1:1.

Вардар можеше и заслужи да го освои целиот плен, но победата во последното коло од Л-групата ја испушти по една грешка во финишот на првото полувреме кога норвешкиот шампион преку против напад се избори за пенал кој подоцна го реализира Бентднер.ва-роз.

Претходно, во 9.минута бразилскиот интернационалец во македонскиот тим Итало го доведе Вардар во водство.

По водечкиот погодок „црвено-црните“ пропуштија уште три-четири големи шанси за зголемување на предноста, по што дојде казната за промашувањата.

Ритамот на играта во второто полувреме „падна“ но и покрај тоа, Вардар преку Украинецот Новак на петнаесетина минути пред крајот за малку не го совлада голманот Хансен.

Од оваа група натпреварите во следната фаза ги продолжуваат Зенит и Реал Сосиедад. зс/23:27

###

Мозаик

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓанит...

Пронајдена подморницата со која, наводно, Хитлер побегнал во Јужна Америка (видео)

Германската подморница со која, според теоретичари...

Идрис Елба во нова комедија на Нетфликс

Нетфликс го ангажираше комичарот Идрис Елба за сво...