• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Марш против насилството врз жените и стереотипите во општеството

Марш против насилството врз жените и стереотипите во општеството

Скопје, 8 март 2018 (МИА) - Жени од различни професии денеска по повод 8 Март маршираа од Жена парк до плоштадот Филип Втори порачувајќи да се отфрлат стереотипите и да кажат „НЕ“ на насилството и омразата врз понежниот пол.

- Со овој марш, освен што ги славиме жените, ги повикуваме и нашите татковци, браќа, сопрузи и синови да се солидаризираат со жените во Македонија и заеднички да ги отфрлиме стереотипите и етикетите што не ограничуваат сите и да им кажеме „НЕ“ на насилството и омразата врз жените, порачаа учесничките на маршот.

марш жени

Снешка Илиќ од „Реактор – истражување во акција“ посочи дека во 2018 година во Македонија има највисока доеничка смртност во Европа и оти причините за тоа не треба да се бараат кај жените, туку во системот за здравствена заштита и здравствените услуги кои им следуваат.

Таа нагласи дека повеќе од 175.000 жени немаат гинеколог во својата општина и оти на повеќе од 80 отсто од жените Ромки им наплаќаат ехо прегледи, кои треба да им бидат бесплатни. 

марш жени

Кон маршот се приклучија и премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богов.

- Како нова Влада покажавме дека во однос на прашањата за женската рамноправност водиме сосема различна политика и покажавме дека и бројките во политиката се важни, денеска во македонското Собрание имаме околу 45 проценти жени. Покажавме дека сметаме на жените и дека правата на жените се и наши права. Честит да ни е меѓународниот ден на жената и на овој меѓународен ден да покажеме дека знаеме како и во Македонија овие права да бидат гарантирани. Нашата борба тука не запира, истакна Шекеринска.

Маршот го организираше Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права. см/бак/13:56

###

 

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...