• A-
  • A
  • A+
петок, 20 април 2018, 

Сирија: Завршена евакуацијата на цивилите од четири града

Сирија: Завршена евакуацијата на цивилите од четири града

Дамаск, 21 април 2017 (МИА) -  Илјадници сириски цивили од четири опколени сириски града, денеска конечно стигнаа на своите однапред одредени локации, по 48 часа прекин во евакуацијата, јавија сириските државни медиуми.

Повеќе од 45 автобуси во кои се наоѓаа цивили и борци на провладините сили од градовите Фуа и Кафраја стигнаа во Алепо, град што сега е под контрола на владините сили, сооошти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, пренесоа британските медиуми.

Истовремено, сите 11 автобуси во кои се наоѓаа бунтовниците и нивните смејства од Забадани и уште  две подрачја што се под конторола на бунтовниците, преминаа во провинцијата Идлиб, која тие ја држат под своја конторола.

Евакуациите на околу 3.000 лица од четири сирискии градови почнаа минатата недела, но беа одложени по самоубиствениот бомбашки напад со автомобил во саботата, во кој беа убиени 126 лица, од кои 68 беа деца, на контролен пункт во Рашидин, западно од Алепо.

Според податоците на Обединетите нации, 600.000 Сиријци живеат под опсада, главно од сириската војска, но и на бунтовниците или на џихадистите од Исламска држава. сд/ссм/18:36

###

Мозаик

Содерберг снима филм за финансискиот скандал во Панама

Холивудскиот режисер познат по филмскиот хит „Един...

Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер...

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Група поранешни осуденици од српскиот град Крагује...

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...