Евакуација на 200.000 жители поради пожарите во Калифорнија (Видео)
- четврток, 07 декември 2017 18:43
Лос Анџелес, 7 декември 2017 (МИА) - Наредена е евакуација на 200.000 луѓе, поради четири големи пожари кои беснеат на потег од Лос Анџелес до крајбрежниот град Вентура во американската сојузна држава Калифорнија.
Пожарите досега уништија околу 150 куќи и зафатија голема површина.
Првпат е наредена евакуација во областа Санта Барбара во Калифорнија, а автопатот помеѓу Лос Анџелес и Вентура е затворен периодично поради пожарот што ја зафаќа трасата над автопатот.
Околу 300 жители на крајбрежниот град Карпинтерија добија наредба да го напуштат градот пред изгрејсонце, додека пожарникарите се борат со пожарот само неколку километри од градот.
Во текот на ноќта, послаби ветрови им овозможија на пожарникарите на терен успешно да го одбранат одморалиштето Охајо, каде 7.000 жители исто така добија наредба да се евакуираат.
Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекува опасен налет на ветер, но дека пожарите нема да достигнат историски пропорции, како што претходно се очекуваше. паг/зш/18:43
###
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 21:03 | Русија претстави наводни сведоци на нападите во Дума, Сирија
Во меѓународното седиште во Хаг на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) Русија органи...
- 20:37 | Еден загинат и 16 повредени во хемиска фабрика во Чешка
Едно лице човек загина, а 16 се повредени во хемиска фабрика во чешкиот град Дечин, откако истекол ф...
- 20:15 | Сенатот го потврди изборот на Помпео за државен секретар на САД
Сенатот на САД го потврди изборот на досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео за нов државен секретар...
- 19:52 | Џафери: Сечиј живот во Собранието на 27 април беше подеднакво важен
Животот на сите што беа во Соранието на 27 април минатата година беше подеднакво важен, но ако исход...
- 19:40 | Неформално дружење на пратениците со членовите на Владата
Собранието на Република Македонија, со поддршка на Националниот демократски институт, од денеска вос...